Share:
Хрватскиот велемајстор Зденко Кожул(2.608 rtg)победи на традиционалниот шаховскиот турнир “Опен карпош 2013” со 7 освоени поени во 9 кола, на второ место се наоѓаше велемајсторот од Израел Максим Родштаин (2.615 rtg) со 7 поени, третото место исто така со 7 поени беше Константин Лупулеско (2.614 rtg) велемајсторот од Романија. За освоено прво место наградата на турнирот Опен Карпош изнесуваше 3.112 евра , второ место 2.362 евра и трето место 1862 евра.
Во женска категорија на прво место беше Руската велемајсторка Горјачкина Александра , на второ место Стефанова Антоанета од Бугарија и на трето Виденова Ива исто така од Бугарија.
На турнирот Опен Карпош 2013 година беа вкупно наградени 32 играчи од 237.