Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Викенд шаховски турнир Карпош 2014 – Божиќен аматерски турнир – 12/31/2013

  Викенд шаховски турнир Карпош 2014 – Божиќен аматерски турнир, во организација на Општина Карпош и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ќе се одржи на 11.01.2014, со почеток во 10.00 часот, во просториите на ШК „Гамбит Ассеко СЕЕ“ улица „Орце Николов“ спроти Машинскиот факултет. Играчите за турнирот може да се пријават најдоцна до 11.01.2014 година до 9:30 часот. Бројот на учесници е ограничен на 60 и предимство имаат тие што ќе се пријават порано кај главниот судија на турнирот. Турнирот ќе се рејтингува и ќе се игра по Швајцарски систем на натпреварување во 9 кола, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Партиите ќе се играат на 11.01.2014 (сабота) и тоа првите 4 кола со почеток во 10:00 часот, додека последните 5 кола ќе започнат со еден час пауза после завршувањето на четвртото коло. Турнирот е од отворен карактер и може да се пријави секој заинтересиран шахист со рејтинг помал од 2100 на официјалната ФИДЕ рејтинг листа за забрзан шах без оглед категорија, титула или место на живеење. Уписнината за турнирот е 200 денари.

Read more

Божиќен турнир Gambit Asseco SEE – 12/31/2013

  Викенд шаховски турнир Карпош 2014 – Божиќен турнир, во организација на Општина Карпош и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ќе се одржи на 12.01.2014, со почеток во 10.00 часот, во просториите на ШК „Гамбит Ассеко СЕЕ“ улица „Орце Николов“ – Спроти Машинскиот факултет. Играчите за турнирот може да се пријават најдоцна до 12.01.2014 година до 9:30 часот. Бројот на учесници е ограничен на 50 и предимство имаат тие што ќе се пријават порано кај главниот судија на турнирот.

Read more

Зденко Кожул победник на турнирот Опен Карпош 2013 – 3/19/2013

    Хрватскиот велемајстор Зденко Кожул(2.608   rtg)победи  на  традиционалниот шаховскиот турнир   “Опен  карпош 2013 ” со 7 освоени поени во 9 кола, на второ место се наоѓаше велемајсторот од Израел Максим Родштаин …

Read more

Свечено затварање на Опен Карпош 2013 – 3/16/2013

Денес, во 16:00 часот, во хотелот “Александар Палас” , свечено ќе биде затворен третиот по ред Меѓународен шаховски турнир “ОПЕН Карпош -2013”, кој традиционално го организира Општина Карпош заедно со…

Read more

Јемелин Василиј од Русија на првото место со 5.5 поени по 6-то коло – 3/14/2013

    После вчерашното изиграно 6 коло на турнирот, на првото место се избива рускиот велемајстор  Јемелин Василиј  (Yemelin Vasily 2574)  со 5.5 поени. Василиј во 6-то коло имаше солидна но и тесна…

Read more

ОДЛОЖЕНО ДОАЃАЊЕТО НА КАРПОВ НА “ОПЕН КАРПОШ 2013” – 3/7/2013

Поради нагло влошување на здравствената состојба на поранешниот светски првак и велемајстор во шах Анатолиј Карпов, и негова итна хоспитализација, се одложува неговото денешно доаѓање во Општина Карпош. Искрено жалиме…

Read more

Најмладиот Велемајстор и Интер мајстор во женска категорија на ОПЕН КАРПОШ 2013 – 3/6/2013

Александра Горјачкина (  Aleksandra Goryachikna )  родена во 1998 во Русија, на само 13 години се здоби со титулата Велемајстор ( WGM) на Европското Женско првенство во шах. Младата Русинка  со одличен…

Read more