Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

КИРИЛ ГЕОРГИЕВ ПО ВТОРПАТ ДОМИНИРА НА ,,ОПЕН КАРПОШ’’ – 4/8/2014

Осморангираниот бугарски велемајстор Кирил Георгиев (рејтинг 2625) е победник на четвртото издание на шаховскиот турнир Карпош Опен, кој се одржа од 29 март до 5 април во хотелот „Александар палас“…

Read more

Нов рекорд на „Опен Карпош“ – ќе има шахисти од 33 земји – 3/29/2014

    Вкупно 114 шахисти од рекордни 33 држави (42 ВМ, 4 ЖВМ, 9 ИМ, 1 ЖИМ, 4 ФМ), од кои 17 со рејтинг повисок од 2.600 поени од 25 држави, засега се пријавиле на годинешниот четврти по ред меѓународен турнир „Карпош опен 2014“, кој од 29 март до 5 април треба да се одржи во Скопје. На ланскиот турнир настапија 237 шахисти од 31 држава (52 ВМ, од кои двајца и со рејтинг над 2.700). Турнирот и годинава е во организација на општината Карпош и со техничка поддршка на ШК Гамбит Асеко Сее. За изминатите 18 дена, кога објавивме за бројот на учесниците, тој сега порасна за 35, бројот на ВМ за пет, а бројот на државите за осум. Засега најмногу шахисти има од Македонија (21), потоа од Србија (11) и од Германија (10). Надвор од Европа ќе настапат по еден шахист од Аргентина, Бразил, Венецуела и од Парагвај, двајца од Јужна Африка и тројца од Индија. Се очекува овој број до почетокот на турнирот да биде многу поголем. Прворангиран на турнирот (кој моментно е со просечен рејтинг од 2.331 поен) и понатаму е Унгарецот Ференц Беркеш (2.680), пред победникот на турнирот во 2012 година Бугаринот Кирил Георгиев (2.657) и Русинот Евгени Романов (2.653). Најдоброрангиран Македонец (48-ми) засега е ВМ Драгољуб Јаќимовиќ (2.422). Наградниот фонд е поголем за 5.000 евра во однос на лани и изнесува 25.000 евра, поделен на 20 дела, од кој победникот ќе биде побогат за 5.000 евра. Прв победник на турнирот (2011) беше Србинот Роберт Маркуш.

Read more

Викенд шаховски турнир Карпош 2014 – Божиќен аматерски турнир – 12/31/2013

  Викенд шаховски турнир Карпош 2014 – Божиќен аматерски турнир, во организација на Општина Карпош и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ќе се одржи на 11.01.2014, со почеток во 10.00 часот, во просториите на ШК „Гамбит Ассеко СЕЕ“ улица „Орце Николов“ спроти Машинскиот факултет. Играчите за турнирот може да се пријават најдоцна до 11.01.2014 година до 9:30 часот. Бројот на учесници е ограничен на 60 и предимство имаат тие што ќе се пријават порано кај главниот судија на турнирот. Турнирот ќе се рејтингува и ќе се игра по Швајцарски систем на натпреварување во 9 кола, по правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Партиите ќе се играат на 11.01.2014 (сабота) и тоа првите 4 кола со почеток во 10:00 часот, додека последните 5 кола ќе започнат со еден час пауза после завршувањето на четвртото коло. Турнирот е од отворен карактер и може да се пријави секој заинтересиран шахист со рејтинг помал од 2100 на официјалната ФИДЕ рејтинг листа за забрзан шах без оглед категорија, титула или место на живеење. Уписнината за турнирот е 200 денари.

Read more

Божиќен турнир Gambit Asseco SEE – 12/31/2013

  Викенд шаховски турнир Карпош 2014 – Божиќен турнир, во организација на Општина Карпош и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ќе се одржи на 12.01.2014, со почеток во 10.00 часот, во просториите на ШК „Гамбит Ассеко СЕЕ“ улица „Орце Николов“ – Спроти Машинскиот факултет. Играчите за турнирот може да се пријават најдоцна до 12.01.2014 година до 9:30 часот. Бројот на учесници е ограничен на 50 и предимство имаат тие што ќе се пријават порано кај главниот судија на турнирот.

Read more