Skip to content Skip to sidebar Skip to footer

Нов рекорд на „Опен Карпош“ – ќе има шахисти од 33 земји – 3/29/2014

    Вкупно 114 шахисти од рекордни 33 држави (42 ВМ, 4 ЖВМ, 9 ИМ, 1 ЖИМ, 4 ФМ), од кои 17 со рејтинг повисок од 2.600 поени од 25 држави, засега се пријавиле на годинешниот четврти по ред меѓународен турнир „Карпош опен 2014“, кој од 29 март до 5 април треба да се одржи во Скопје. На ланскиот турнир настапија 237 шахисти од 31 држава (52 ВМ, од кои двајца и со рејтинг над 2.700). Турнирот и годинава е во организација на општината Карпош и со техничка поддршка на ШК Гамбит Асеко Сее. За изминатите 18 дена, кога објавивме за бројот на учесниците, тој сега порасна за 35, бројот на ВМ за пет, а бројот на државите за осум. Засега најмногу шахисти има од Македонија (21), потоа од Србија (11) и од Германија (10). Надвор од Европа ќе настапат по еден шахист од Аргентина, Бразил, Венецуела и од Парагвај, двајца од Јужна Африка и тројца од Индија. Се очекува овој број до почетокот на турнирот да биде многу поголем. Прворангиран на турнирот (кој моментно е со просечен рејтинг од 2.331 поен) и понатаму е Унгарецот Ференц Беркеш (2.680), пред победникот на турнирот во 2012 година Бугаринот Кирил Георгиев (2.657) и Русинот Евгени Романов (2.653). Најдоброрангиран Македонец (48-ми) засега е ВМ Драгољуб Јаќимовиќ (2.422). Наградниот фонд е поголем за 5.000 евра во однос на лани и изнесува 25.000 евра, поделен на 20 дела, од кој победникот ќе биде побогат за 5.000 евра. Прв победник на турнирот (2011) беше Србинот Роберт Маркуш.

Read more